1934 година Владо Черноземски (Величко Керин) ги застрелува во Марсеј југословенскиот крал Александар I и францускиот министер за надворешни работи Луи Барту. Југословенскиот монарх е во официјална посета на Марсеј. Пристигнува на бордот на бродот ̎“Дубровник“,̎ придружуван од министерот за надворешни работи, Богољуб Јевтиќ. Пречекан е од францускиот министер за надворешни работи Луис Барту. За време на движењето на официјалната поворка по улиците на Марсеј, Владо Черноземски отвора оган со автоматски пиштол. Кралот и министерот Барту се убиени на лице место, а Јевтиќ е тешко ранет. Черноземски е сосечен тешко со сабји од полицијата, умира 20 часа по атентатот. Погребан е на непознато место, а на погребот присуствувале само двајца детективи и гробари. Соучесниците на Черноземски, хрватите Звонимир Поспишпил, Мијо Краљ и Милан Таиќ, се фатени од француската полиција, судени се во Екс-ан-Прованс и осудени на доживотен затвор.

Како мотив за атентат врз југословенскиот крал Александар I е посочена водената од него националистичка политика. Ова е втор атентат врз југословенски крал. Во 1929 година, усташите направиле неуспешен обид за атентат врз него, предизвикувајќи бран од репресии врз нив. Многу активисти на хрватското движење, предводени од Анте Павелиќ, се принудени да емигрираат. Истата година во Софија, Иван Михајлов и Анте Павелиќ потпишуваат договор за соработка и координација на активностите на двете анти-југословенски организации. Хрватските и македонските терористи имаат заеднички кампови за обука во Италија и Унгарија чии влади се непријателски расположени кон Југославија. Влошувањето на ситуацијата во Југославија по воведувањето на диктатурата на кралот Александар уште повеќе ги зближува Бугарите и Хрватите. Заеднички акции на ВМРО и ̎Усташа̎ се извршуваат не само во Вардарска Македонија и во Хрватска, туку и на целата територија на Југославија, но подоцна по забраната на ВМРО во Бугарија и низ цела Европа. Кулминација на заедничките терористички активности на двете организации е атентатот врз кралот Александар.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO