Турската војска заедно со Слободната сириска армија набрзо ќе ја мине сириската граница, изјави Фахретин Алтун, директор, за комуникации на претседателот Реџеп Таип Ердоган за новинската агенција Ројтерс. Турција има намера да формира „безбедна зона“ во Сирија на околу 30 километри од турската граница во операција против курдските сили кои им се сојузници на Соединетите држави во борбата против Исламската држава.

Претходно, турскиот парламент ги продолжи за уште една година овластувањата на Владата, според кои, таа може да нареди прекугранични воени офанзиви на територијата на Сирија и Ирак доколку биде соочена со безбедносни закани.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO