14 високи Владици од Српската православна црква повикаа итно свикување на заседание на Светиот архиерејски собор. Како основна причина се посочува неуспехот за одбележување на таканаречената 800-годишнина од основањето на СПЦ. Како што е познато, томос за признавањето на автокефалноста на СПЦ не суштествува.

Меѓу причините за свикување на итното заседание се посочува и скандалозното решение на српскиот патријарх да му се врачи највисокиот црковен орден „Свети Сава“, на претседателот Александар Вучиќ.

ТАТКОВИНА потсетува дека оваа недела Белград се подготвуваше да ја прослави 800-годишнината од основањето на својата православна црква. Според српските тврдења, во 1219 година Свети Сава основал местна црква.

Проблемот е, дека нема документ кој да докажува дека во 1219 година Српската црква добила томос за автокефалија од Вселенската патријаршија. Таа како прва меѓу еднаквите православни цркви има право да издава таков документ. Свети Сава не добил томос. За автокефалност не пишуваат и личните биографи на Сава Дометијан и Теодосиј, или пак нивните современици.

Траги за такво нешто не наоѓа во архивите на Вселенската патријаршија во средината на 50-тите години на минатиот век и Јанко Шафарик, идниот раководител на Друштвото на српските научници, кое подоцна прераснува во Српска академија на науките. Разочараниот Шафарик пишува многу јасно: „Ние немаме таков акт, кој да докажува дека Свети Сава станал автокефален архиепископ“.

Во интервју за весникот „Политика“, вселенскиот патријарх Вартоломеј на почетокото на оваа година отворено кажа дека Србите живеат со лага и митови веќе 800 години. ̎Ако рече Господ, ќе дојдам во Белград за 800-годишнината од хиротонијата (ракополагањето) на Свети Сава“, рече тој.

За односот кон српската итерпретација на црковната историја говори доволно красноречиво, писмото на архимандритот Роман Анастасијадис од Критската црква, која е дел од Вселенската патријаршија. Тој се побуни против лагите на СПЦ. Во отворено писмо, архимандритот го повика српскиот владика Амфилохије да даде „јавно објаснување за историската вистина за одбележување на оваа годишнина од страна на Српската православна црква“. „Вакво изопачување на вистината не сум среќавал до сега. Како не ви е срам“, напиша уште архимандритот Роман Анастасијадис.

Според експертите, чествувањата на фалшивата годишнина е дел од политиката на Белград за враќање на нејзината доминација во Западен Балкан, но овој пат во духовната сфера.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO