Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече, дека искрено посакува државата да добие датум за отпочнување на преговори со Европската унија. Во интервју за телевизија 24 тој додаде дека како партија ќе работат кај сестринските партии навистина тоа да се случи и државата да добие безусловен датум.

Доколку датумот биде условен, тогаш, како што рече, тоа ќе значи пораз и уште една голема лага на владата на СДСМ. „Од она што го добивам од круговите во Брисел кои испорачуваат информации кај нас, во нашата полтичка партија, ќе постои можеби определена одлука која до последен момент нема да биде јасна – дали воопшто ќе има датум, дали ќе има датум и дали тој ќе биде условен како што ниту еден аспирант досега го имал, рече Мицкоски.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO