Турција и Сириската национална армија започнуваат операција против терористичките групи ʺДаешʺ и ПКК во Северна Сирија, соопшти претседателот Ердоган, цитиран од ʺСабахʺ.

ʺНашата цел е да го уништиме терористичкиот коридор, кој се прави обид да биде воспоставен на нашата јужна граница и да донесеме мир во регионот“, напиша Ердоган на Твитер.

Операцијата, наречена ʺМирна пролет“, ќе ја елиминира терористичката закана за Турција и ќе обезбеди враќање на сириските бегалци во нивната земја благодарение на безбедната зона во регионот, рече тој.

ʺНие ќе го заштитиме територијалниот интегритет на Сирија и ќе ги ослободиме луѓето во регионот од терор“, додаде претседателот.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO