Ако граѓаните на Албанија и Косово сакаат национално обединување, тоа ќе се случи, изјави Хусамедин Ферај, универзитетски професор и член на движењето ̎Самоопределување̎ во Косово.

Во интервју за албанската телевизија Ора Њуз, Ферај истакна дека за национално обединување нема потреба да се склучува договор со албанската влада. Проблемот е единствено од правен аспект и се однесува на „неправедното ограничување на правото на Косово да се обединува или разделува со државите со кои сака“.

ʺНема сомнение дека уставот треба да се измени. Договорот со Албанија е договор со граѓаните на Албанија. Не е потребен договор со владата или парламентот на земјата. Ако народот на Албанија и Албанците во Косово сакаат обединување, нема зошто да се прашуваат владите “, изјави Ферај.

Според него, идната влада на Косово, предводена од ʺСамоопределувањеʺ, ќе обезбеди суверенитет на земјата, каков што има секоја друга дрбава. Во тој контекст, треба да се отстрани членот од уставот што ја ограничува волјата на граѓаните за обединување со Албанија.

На прашањето што ќе се случи ако ЕУ и странските мисии не ја поддржат таа иницијативата, Ферај одговори дека таквиот аргумент не треба да се зема во предвид.

Хусамедин Ферај рече дека државните симболи и химна ќе бидат заменети со албанските. ʺКосово е држава за која се бореле Албанците, а не, како што е запишано во уставот, дека за независност на земјата се бореле Срби, Албанци, Роми и други. Србите не се бореле за независно Косово. Затоа на Албанците им припаѓа независноста и претставувањето со албански симболи “, изјави Ферај.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO