Почитувани,

ВМРО-Народна партија се оградува од постапките на таканаречени членови кои на прес-конференции се изјаснуваат дека ја напуштаат ВМРО-Народна партија и преминуваат во ДПМНЕ.

Ниту е прв, а ниту последен пат некогаш владеачката, а сега опозициската ДПМНЕ да прави таканаречени диверзии со некакви членови кои ниту се појавиле во ВМРО-Народна партија ниту фигурираат во архивските списи како членови.

ВМРО-Народна партија смета дека со ваквите неартикулирани постапки ДПМНЕ само го покажува стравот од силна ВМРО-Народна партија, особено сега кога членството и сите општински комитети се активирани во своите општини работејќи на подобрување на условите за живеење преку разни програми.

ВМРО-Народна партија упатува апел до сите членови, симпатизери и гласачи да не наседнуваат на ваквите провокации и ситни испади на опозициската ДПМНЕ бидејќи станува збор за веќе видено сценарио особено во моменти кога ДПМНЕ јавно го манифестира стравот од зајакнувањето на ВМРО-Народна партија.

09.10.19                                                                 Центар за комуникации на

                                                                                           ВМРО-Народна партија

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO