Билатералните односи, имплементацијата на Договорот за добрососедството и евроатлантската интеграција на Северна Македонија беа дел од темите на средбата на бугарскиот амбасадор во Скопје Ангел Ангелов со лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети.

Ахмети истакна дека Договорот за добрососедство меѓу Скопје и Софија е важно достигнување и треба да биде целосно имплементиран.

̎Покрај тоа, трговските односи меѓу нашите две земји треба да одат по нагорна линија и институциите треба да го олеснат овој процес. Поддршката на Бугарија за добивање на почетен датум за преговори меѓу Северна Македонија и Европската унија е клучна и очекуваме позитивни вести од Брисел следната недела “, се вели во соопштението на ДУИ.

Во изјавата се додава дека оваа позитивна одлука на земјите-членки на ЕУ ќе го продлабочи дијалогот со Брисел и ќе ги забрза реформите во земјата.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO