Турција бомбардирала штаб на курдските единици од таканаречените Сириски демократски сили во градот Ал Маликија, на северозападот на Сирија, јави телевизијата ал Мајадин.

Претходно турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој се наоѓа во посета на Србија најави скорашен почеток на воената операција против курдските единици кои Анкара ги смета за терористички. САД вчера почнаа да ги разместуваат војниците од базите во тоа подрачје.

Курдите тоа го сметаат како кршење на гаранциите што ги добија од САД и предупредија дека заминувањето на американските сили би можело да доведе до враќање на Исламската држава.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO