Германската полиција објави дека на стотици корисници на електрични тротинети им ги одземале возачките дозволи затоа што биле пијани за време на фестивалот за пиво во Минхен, Октоберфест. Вкупно 414 лица се фатени како возеле е-тротинети во пијана состојба, од кои 254 лица останале и без возачка дозвола, се вели во полициското соопштение.

Полициските патроли интервенирале во 32 случаи за да спречат пијани да возат електричен тротинет.

Во Германија, е-тротинетите, кои беа легализирани во јуни, се категоризираат како „моторизирани возила“. Тоа значи дека нивните корисници подлежат на законска забрана за возење под дејство на алкохол.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO