Во последните седмици излегоа два полемични текста против мојата статија „За Гологанови и нашата општа историја“.

Од уважение кон читателите и општественоста на Република Северна Македонија предлагам краток одговор на нив.

                                                                І.

Да започнеме со повторното полемичко писмо кон мене од страна на г-дин Горан Стојанов „Само едно име, Македонци“ (мкд.мк, 22 септември 2019).

„Мојата реакција не е реакција на историчар, туку реакција на Македонец. Македонец со големата почетна буква М. “, зајавува тој, и со тоа најкрасноречиво го покажува разминувањето меѓу нивоата на оваа дебата. Откако се осмелил да дискутира историски прашања, на него му прилега поголема почит кон научниците од областа на историјата и другите хуманитарни науки. Затоа што националната страст и аматеризмот едвај ли можат да ја заменат професионалната компетентност.

Васил К’нчов пишува за ʺместните бугари и куцовласи„, а г-дин Стојанов произволно ги преиначува на „христијанското словенечко население“. К’нчов го анализира во цитираниот текст регионалното, а не народностното именување, кое е повеќе од јасно. На сличен начин, во својата позната книга ʺМакедония. Етнография и статистика „, бугарскиот географ се сопира на регионално-племенските означувања меѓу Бугарите на „брсјаци“, „мијаци“, „естовци“ и прави своја сопствена класификација на „западномакедонски бугари“ („западни македонци“), „јужномакедонски бугари“ („јужни македонци“) „),“ Горно-бугарско население или шопи“(во Источна Македонија) и „бугари кои во главни црти се еднакви со источните тракиски бугари „(во југоисточна Македонија).

Откако подробно објаснив дека неговото омилено писмо од Теодосиј Гологанов до архимандрит Дионисиј од јуни 1891 година, е публикувано за прв пат од Славко Димевски во списанието „Разгледи“ од 1968 година (поточно, година X (1967-1968) кн, б,с. стр. 996-1000), дека недостасува во посочениот извор – во цитираното место во Централниот архив во Софија, дека станува најверојатно прашање за пореден фалсификат на младата македонска југословенска историографија, дека веќе е докажано, дека покојниот Димевски имал редовна пракса да поправа, доправа или измислува историски документи, тогаш господинот Стојанов ја има смелоста да опонира, дека писмото било публикувано од Љубен Лапе во 1959 година. Ниту таму, ниту во друг том на неговите „Одбрани текстови за историјата на македонскиот народ“, такво писмо нема!

Имам многу познати и пријатели етнички македонци и мислам, дека ги познавам нивните различни погледи. Меѓутоа со своите невистини и груби манипулации, со своето одрекување на морето од извори за нашата општа историја од крајот на ХІХ и почетокот на ХХ век, г-дин Стојанов си врши лоша услуга. Ќе биде полезно да се сетиме и за судбината на антиквизацијата, или поточно на антиквизираниот македонизам, за кој продолжуваат да копнеат бивши премиери и амбасадори.

Имајќи го во предвид сето тоа и разминувањата на нивоата на логика во дебатата, си дозволувам да ја сметам оваа полемика за завршена.

II.

На 3 октомври излезе нова полемичка статија, формално повторно на моја адреса – ̎Бугарската последна битка̎, (мкд.мк) од непознатиот за мене г-дин Јован Христовски. Во споредба со него г-дин Горан Стојанов е направо Тукидид – сепак тој се обидува да остане во полето на историјата и се повикува на докази, понекогаш точни, а понекогаш преиначени или измислени. Г-дин Христовски не наведува никакви извори за неговите произволни расудувања, ми припишува тези, кои не сум ги напишал и преминува директно во груби политички хулења и инсинуации против Бугарија и нејзината надворешна политика. СЛИЧНИ текстови не само што не придонесуваат за подобрување на односите меѓу нашите две држави, не само што се во дисхармонија со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу нас, но и помагаат на оддалечувањето на Република Северна Македонија од нејзината европска и евроатлантска интеграција.

Наум Кайчев

П.С. Послушнете ја прекрасната изведба на познатата песна „Лисаво“, посочена од г-дин Стојанов. Таму се пее „На СНОП се качувам“, а не како што е запишано во произволната транскрипција „на стог се качувам“. Тоа е поредниот доказ дека нашите јужномакедонски говори не го познаваат зборот „стог“. Неговото потекло и влегување во „Толковен речник на македонскиот јазик“ следи дополнително да се проучи од компетентните јазиковеди.

Претходната верзија на овој текст е публикуван во мкд.мк

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO