Техеран ја предупреди Анкара да се воздржува од воени дејствија на територијата на Сирија, гласи позицијата објавена на веб-страницата на иранското Министерство за надворешни работи.

Во неа се вели дека Министерството за надворешни работи „ги следи стриктно вестите, кои предизвикуваат загриженост, за можното влегување на сили на Турција на територијата на Сирија“. Се нагласува дека доколку се преземе таков чекор, тој не само што нема да ја отстрани загриженоста на Турција за безбедноста во регионот, но ќе доведе до големи материјални и хуманитарни загуби.

Техеран се изјасни против секаков вид воени операции и е подготвен да помогне во воспоставувањето на итен контакт со Турција и Сирија за мирно решавање на ситуацијата.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO