Бугарија дава целосна поддршка за интеграцијата на РС Македонија во Европската унија. Ова се наведува во нацрт-декларацијата на Народното собрание, посветена на проширувањето на ЕУ и Процесот на стабилизација и асоцијација на РС Македонија и Албанија, пренесува репортер на БГНЕС.

Во нацрт-документот, Софија го повикува Скопје да го спроведе ефективно, без одложување и со добра волја, Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, што го потпишаа премиерите на двете држави Бојко Борисов и Зоран Заев на 1 август 2017 година.

Бугарија настојува за прифаќање на историската вистина за нашата општа историја, што ја споделуваат нашите две држави и народи. ʺДа ги приложуваат договорите постигнати во рамките на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисиј за историски и образовни прашања, при што истите да бидат одразени во наставните програми и материјали што е можно поскоро“, се наведува во нацрт-документот.

Во Нацрт-декларацијата на Народното собрание се настојува исто така да се прекрати секаква форма на ʺговор на омраза“ против Бугарија и граѓаните на РС Македонија со бугарско самосознание, вклучително во медиумите, натписи на паметници, спомен-плочи и др.

Во однос на Албанија, Софија сака да се гарантира, ʺво максимална степенʺ, правото на бугарското национално малцинство да изучува литературен бугарски јазик како мајчин јазик во регионите каде што живее – Голо Брдо, Гора, Преспа, Корча, Елбасан, Кукас. Во Предлог-декларацијата исто така се настојува за попис на населението во согласност со европските стандарди со цел објективно одразување на етничката припадност.

ʺВрз основа на ова и под овие услови, Четириесет и четвртото Народно собрание на Република Бугарија го поддржува започнувањето на претпристапните преговори на ЕУ со Република Северна Македонија и Република Албанија. Во овој поглед, Народното собрание ја поддржува ʺРамковната позицијаʺ усвоена од Владата на 9 октомври 2019 година, се нагласува во нацрт-документот.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO