Околностите на политичката ситуација во Македонија, но и руското влијание во земјава се големи причини зошто има потешкотии за зближување на двата братски“ народи, вели поранешниот македонски премиер, Владо Бучковски. Како што пренесува Бнр.бг, Бучковски појаснува дека повторно има засилување на силите што во времето на комунизмот и социјализмот ја оддалечиле Македонија од Бугарија, и тие сили се обидуваат да ја повлечат Македонија во некој друг правец, а не кон современа Европа.

Очигледно е приближувањето на Македонија кон почнување преговори со ЕУ, а извесно е членството во НАТО и тоа предизвикува да се разбудат силите коишто сакаат на Балканот повторно да има дестабилизација. Тие сили се плашат од сојузот и големата коалиција што ја создадоа сегашните раководства на Македонија и Бугарија на патот кон ЕУ – вели Бучковски.

Професорот појаснува дека таквата состојба е плодно тло за дневнополитички игри.

Очигледно е дека во Македонија има тенденции одново да се разбудат антибугарските сили коишпто изгледаат нервозни поради приближувањето на двата братски народа. Но, од друга страна, имам чувство дека и во Бугарија дел од политичарите се исплашија од договорот и од приближувањето на двете страни, затоа што ќе биде затворено македонското прашање и ќе мора да се фокусираат на секојдневните проблеми во општеството. Јас сум убеден дека ние треба да бидеме сојузници и како Македонец мислам дека немаме поголем пријател од Бугарија и бугарскиот народ. Тоа очигледно некому му пречи и во Скопје и во Софија – вели Бучковски.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO