Историскиот спор меѓу Бугарија и Северна Македонија се восприема за академски, но тој има и политички импликации. Неопходно е да се предложат решенија за да се дојде до конкретен резултат. Ова го изјави Мирослав Ризински, заменик претседател на Бугарски културен клуб – Скопје (БККС), во предавањето „Светот е бизнис“ со новинарот Ивајло Лаков на Bloomberg TV Bulgaria.

̎Политичарите од обете страни на границата треба да редлагаат решенија за расчистување на историските спорови меѓу Софија и Скопје и интегрирање на Северна Македонија во Европската унија и НАТО“.

̎Нужно е да се одржи заедничко аседание на двата парламента“, рече тој.

̎̎Објективирањето на историјата треба да се случи во самата Северна Македонија како внатрешен процес. Треба да се разбере дека тоа е во полза на земјата. Согледувајќи ја својата историска вистина, Северна Македонија може да ги нормализира своите односи со земјите од Балканот“.

̎Северна Македонија за прв пат врви во правилна насока. Се очекува земјата наскоро да стане полноправна членка на НАТО и да започне преговори со Европската унија“, рече Ризински.

̎За прв пат, Скопје и Софија се во еден блок. Тоа ја менува целата слика на Балканот. Бугарија треба да биде лидер во овој процес и да испраќа пораки за добрососедство“.

Целото интервју со Мирослав Ризински за Bloomberg TV Bulgaria може да го погледнете тука.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO