Екипата на Наполи се врати на победоносниот пат, откако го надигра минимално на домашен терен новакот Бреша, во натпревар од шестото коло од италијанската Серија А.

Домаќините го отворија резултатот преку Дрис Мертенс во 13-та минута, а во улога на асистент беше Хозе Кајехон. На крајот од првото полувреме, централниот дефанзивец Костас Манолас постигна втор гол, кој ги успокои избраниците на Карло Анчелоти.

Гостите меѓутоа се вратија во натпреварот преку Марио Балотели, кој доби пас од талентираниот Сандро Тонали. До крајот, неаполитанците издржаа и се реваншираа на своите приврзаници, откако изненадувачки беа поразени во претходното коло од Каљари, со гол на крајот на натпреварот.

Тимот се врати во топ 4 со актив од 12 поени, додека за Бреша тоа беше прв пораз на домашен терен, кое ги со шест бода. Во следното коло, Наполи му гостува на Торино, додека Бреша ќе ги бара првите бодови пред своите тифози во дуелот против Сасуоло.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO