Луис Хамилтон го освои неделното Гран-при на Русија и ја зголеми својата предност на на 73 поени во генералниот пласман кај пилотите во Формула 1.

Успехот беше двоен за тимот на Мерцедес, откако втор зад британецот се нареди неговиот сотимец Валтери Ботас. Хамилтон зграпчи бод и за најбрза обиколка на пистата во Сочи. Трет остана Шарл Локлер со Ферари кој стартуваше од пол-позиција, кои бркаа  четврт последователен успех по двата на французинот во Белгија и Италија и оној на Фетел во Сингапур.

Германецот поведе по рани инструкции од тимот на „Црните коњчиња“, но беше принуден да се повлече од трката по заостанување во 28-от круг – моментот кога Хамилтон го презеде водството и не го испушти до крајот на трката. Во топ 10 се најдоа и Макс Верстапен и Александар Албон со Ред Бул, Карлос Сајнц со Мекларен, Серхио Перез со Расинг Поинт, Ландо Норис со Мекларен, Кевин Магнусен со Хаас и Нико Хјулкенберг со Рено.

Така, Мерцедес ја зголеми својата победничка серија на руското Гран-при на шест, откако го освои своето деби во Сочи во 2014 година. Хамилтон ја запиша својата деветта победа сезонава и вкупно 82-ра во кариерата. Следната трка од календарот на Формула 1 е Гран-при на Јапонија на 13-ти октомври.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO