Германскиот автомобилски гигант Фолксваген во моментов ги финализира преговорите со Турција, соопшти ʺХанделсблатʺ.

Автомобилскиот концерн „Фолксваген“ ќе ја гради својата нова фабрика во близина на турскиот град Измир. Фабриките на компанијата на територијата во Германија ќе се фокусираат на производство на електрични возила.

Плановите на Фолксваген за изградба на нови производствени погони во Источна Европа добиваар се појасна форма.

Претставникот на фабриката Андреас Тостман, изјави денес пред новинарите дека преговорите со Турција се во завршна фаза и конечната одлука ќе биде објавена во рок од две недели.

Станува збор за финализирање на договорот и негова подготовка за потпишување. На прашањето дали се преговара со други партнери, Тостман изјави дека во моментов се фокусирани на договорот со Турција.

Според запознати, конечната одлука ја чинела Турција повеќе од една милијарда евра. Новата фабрика е со планиран годишен капацитет до 300.000 возила. Се очекува да бидат ангажирани околу 4.000 вработени. Фабриката ќе биде изградена во Маниса близу до Измир.

Изградбата ќе започне кон крајот на 2020 година, а производството на автомобили во 2022 година.

Претходно, Фолксваген преговараше со властите во врска со услоивите за местоположбата на фабриката.

Како алтернативна варијанта се разгледуваше и Бугарија.

Новата фабрика ќе произведува модели VW Passat и Skoda Superb за извоз во Источна Европа.

Производството на автомобили „Фолксваген“ стана значително поефективно по воведувањето на новата стратегија пред една година.

Се очекува продуктивноста да се зголеми за повеќе од 6% во 2019 година. Оваа година може да заштеди околу 500 милиони евра расходи, што ќе го подобри резултатот. Цената на еден автомобил исто така ќе се намали за прв пат од 2013 година.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO