Управниот совет на Меѓународниот монетарен фонд денеска ќе ја одобри Кристалина Георгиева за извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд. Тоа ќе се случи откако таа во вторникот ги убеди членовите на одборот дека е погодна за функцијата, објави Ројтерс, повикувајќи се на извор од бордот.

Гласањето е главно церемонијално, а Бугарката, поддржана од францускиот претседател Емануел Макрон од самиот почеток, е кандидат за Европската унија и има премолчено одобрување на САД, додаде агенцијата.

„Георгиева го убеди советот дека е лидер на кој му е потребна институцијата и дека е силен поддржувач на мултилатералниот систем“, рече извор на Ројтерс, кој побара анонимност затоа што дискусијата не беше јавна.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO