Шведската активистка против климатските промени Грета Тунберг е една од добитничките на „алтернативен Нобел“, наградата „Рајт Лајвлихуд“, објави новинската агенција Асошиејтед прес. Шеснаесетгодишната Швеѓанка ја доби наградата за нејзините „инспиративни барања“ за итно дејствување против климатските промени, засновани на научни факти, наведуваат од Фондацијата која ја доделува наградата.

Тие исто така велат дека примерот на Грета, која е номинирана и за Нобелова награда, покажува дека секој има моќ да донесе промени, пренесува АП.

„Нејзиниот пример инспирираше и охрабри многу луѓе да бараат политичко дејствување“, велат од Фондацијата. Наградата „Рајт Лајвлихуд“, која е основана во 1980 година, оваа година ја добија и активисти кои се залагаат за зачувување на Амазонија, за мир во Западна Сахара и за правата на жените во Кина.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO