Словенечката авиокомпанија „Adria Airways“ објави дека ги прекинала сите летови планирани за денеска и утре поради немање пари, јавија локалните медиуми. Компанијата соопшти, дека управата побарала 4 милиони евра од Владата, но тие средства не биле одобрени:

„Одлуката за прекинување на летовите е пoради недостигот пари што и се потребни на авиокомпанијата за да продолжи да работи. Компанијата интензивно бара решение во соработка со потенцијален инвеститор. Целта е да се овозможи Адриа Ервејс повторно да лета“, велат од компанијата во извинување до патниците и партнерите.

Авиопревозникот некогаш беше државен, но е приватизиран во 2016 година и продаден на германскиот фонд 4К Инвест. Оттогаш ги продале сите свои авиони и ги дале во закуп, но долгот кон добавувачите се зголемува, сумата изнесува дури 60 милиони евра.

Словенија не може да го спаси превозникот, но покажа подготвеност да ги измени законите што ќе овозможат субвенционирање на клучните патишта.

Судбината на вработените во „Adria Airways“ исто така е неизвесна.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO