Во градот Млада Болеслав ʺШкодаʺ започна сериско производство на компоненти за електромобилите, произведувани од холдингот ʺФолксвагенʺ.

Првичните обеми на производство ќе бидат 150.000 единици годишно, со тоа што овие количества ќе бидат зголемени во иднина, соопштува ʺШкода Аутоʺ.

ʺВо ноември 2017 година, концернот ʺФолксвагенʺ одлучи да го пренесе производството на делови за хибридни коли plug-in, што е доказ за довербата кон компанијата“, истакна портпаролот на ʺШкодаʺ, Михаел Ојлеклаус, цитиран од Радио Прага. .

Фирмата инвестирала 25,3 милиони евра во линијата за производство на батерија со висок напон. На производствените ленти, модулите не само што се монтираат, но и се извршуваат и тестови и полнење пред нивното поставување во возилата.

На линијата работат околу 200 луѓе, а исто така и 13 роботи со капацитет од 210 до 500 кг. Во иднина, акумулаторите за електричните автомобили ќе се користат во моделите Суперб iV, чие производство започнало на фабриката во селото Квасина.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO