Ние Албанците сме конститутивен елемент на современата македонска држава. Како такви, време е да одлучуваме за сите прашања во земјата. Не само за „албанските прашање“, туку за сите државни прашања во Северна Македонија.

Ослободени од криминалните политички елити, Албанците можат да бидат најконструктивниот елемент за воспоставување на право и правда во земјава. На тој начин најдобро ќе покажеме дека сме граѓани кои дирекно ја помагаат државноста. Етно националниот патриотизам да го замениме со државен патриотизам. „Македонскиот концепт“ кој е промовиран од страна на млади и прогресивни политички активисти од Македонија, е едниствена политичка платформа која отворено промовира, дека Албанците се борци за независноста на Македонија од проруската политика на српските власти, и најголеми гаранти на таа независност. Тоа беше повеќе од доволно да дадам лична и професионална подршка на „Македонскиот концепт“.

Промоцијата на новата идеја за политичка нација, во која секој од нас е подеднакво Македонец, без разлика на етничка, верска или политичка определба е револуционерна и отворена порта кон иднината на вистинска, реална рамноправност на сите нас, кои живееме тука во Македонија.

Албанците гледавме закана и обид за денационализација во етноцентристичкиот концепт, кој до сега ни се нудеше. Ова е прв момент кога Македонци прифаќаат да бидат Албанци колку нас и обратно, Албанците да бидеме Македонци колку нив. Концептот на еден народ и помалку важни малцинства, чии застапници, повеќе или помалку, беа СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е веќе минато. Понудата е да бидеме една нација, современа европска нација. Понуда која е целосно прифатлива за секој од нас.

Таа политичка програма е отворена книга, на која можеме на албански јазик да го запишеме најдоброто од нас. Да ги предложиме најдобрите проекти и идеи за развој на целата држава. Да ги понудиме на граѓаните, а одлуката е нивна. На сите граѓани на Македонија, зашто граѓанскиот концепт е единствен кој ги надминува стериотипите од Балканот. Сиромаштијата заеднички ја споделуваме и Албанците и Македонците. Редно е братски да одработиме и сите заедно да живееме во благосостојба.

Македонскиот концепт го отвора патот за целосна европеизација на нашето општество. Ако свртиме поглед кон минатото, можеме да си присетиме на нашето семејно сеќавање на силната соработка со македонските револуционери, на заедничката борба за слобода и човечки правдини. Треба ли да потсетувам за Питу Гули, кој е Албанец по татко, за заедничкото Охридско-Дебарско востание или за Тиранските протоколи од 1921 година. Да го искористиме минатото, за да ја отвориме иднината. Иднина на слобода и богати граѓани.

Сето ова на нас македонските Албанци ни дава полно право да влеземе храбро со предлози и активизам со цел нашите идеи да бидат дел од идејата, од програмата ʺМакедонски концепт”, кој го гледам како солидна основа за отпочнување на нов процес на чесна игра, на натпревар со јасни правила и со отворени карти за наше европеизирање.

Во тој процес, се разбира дека главна улога треба да имаат двата најголеми етникуми, при тоа незаборавајќи и на помалите етнички заедници. Најголемите имаме обрска да им обезбедиме простор за просперитетна иднина на најмалите. Со тоа ќе се спротивставиме на надворешни центри, кои го користеа нашето етнизирано општество и поттикнуваа конфликти, со крајна цел да спречат наше членство во НАТО и ЕУ.

Крајната цел е едно вистинско граѓанско општество, во кое никој нема да се чувствува потстанар, а во Северна Македонија ќе гледа своја татковина и можност за личен просперитет. При тоа да не заборавиме дека со тоа даваме позитивен сигнал кон нашите евроатлантски сојузници и даваме свој придонес за стабилизирање на регионот. Во тој поглед сметам дека многу ќе помогне и интензивирањето на реализацијата на коридорот 8, за поврзување на нашата земја со Албанија и Бугарија.

Овој коридор за мене не е само инфраструктурна врска, но и економска и културна. Тоа дополнително ќе го потпомогне процесот на објективизација на историјата, кој е дел од предложениот ʺМакедонски концептʺ, кој меѓудругото ќе доведе и до вистината за соработката меѓу двата најголеми етникуми во нашата земја и кое ќе е основата за стабилен државен развој на Северна Македонија.”

превземено од КОХА

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO