
Од уважение кон читателите на мкд.мк и општествеността на Република Северна Македонија, би сакал да го дадам следново појаснување во врска со репликата кон мене од страна на г-дин Горан Стојанов, кој, како што разбираме, по професија не е поврзан со историјата или другите хуманитарни науки, а е информатичар.
Цитираното мое мислење ʺДа се бараат вакви извештаи за периодот пред 1913 година би било како да се бараат игли во куп сено, при што „иглите“ би биле некаков показател за македонизам и куповите сено се за заедничкото име на христијанското словенско население на Македонија, Одринскиот вилает и на Кнежество Бугарија.ʺ многу јасно се однесува на извештаите на странските дипломатии за Македонија од периодот пред Балканските војни. Корпуси од такви документи се издадени во многу земји, вклучително од Државниот архив на Република Македонија. Во нив, термините „македонци“, „македонско“ се употребуваат релативно често, за да направат географско регионално уточнување за населението во областа – најчесто на бугарското, но и од другите народности – или да го означат политичкото револуционерно движење, предводено од Внатрешната организација и Врховниот комитет.
Г-дин Стојанов избрал друг тип извори (ги зема повеќе од неакадемски интернет сајтови и помалку од научни книги), кои зборуваат за самосознанието на тоа население, кое според него е етничко македонско, т.е. македонистичко. Тука сликата е истата како кај дипломатските документи. Авторот ги истакнува „иглите“ за македонистичко обособување, кои се барани во купиштата сено, или поточно во морето од извори, кои го покажуваат бугарското народностно сознание во Македонија. Некои од сведоштвата-„игли“ се автентични и адекватни, како што се оние за Георги Пулевски, првиот роден жител на Македонија, што оставил писмен траг за сопствено македонистичко убедување. Други меѓутоа се повеќе од сомнителни, имајќи во предвид дека произлегуваат од некогашната практика на младата македонска југословенска историографија да создава аргументи за новата нација, прибегнувајќи кон класични фалсификати.
Така на пример, г-дин Стојанов опширно цитира писмо на Теодосиј Гологанов до архимандрит Дионисиј од 1891 година. Фраза од него служи и за наслов на неговата статија. Писмото е земено од цитираните од него ʺДокументи за борбата на македонскиот народ“ (том I, стр. 288-291), од англиската верзија на неговиот омилен ʺВикиизворʺ , или од други отворено неакадемски места во интернет. Насекаде се тврди дека оригиналот се чува во Централниот државен историски архив во Софија, фонд 176, опис 1, архивска единица 595. Се потрудив и проверив во архивот – такво писмо таму нема! Најверојатно станува збор за поредниот фалсификат на Славко Димевски, кој го публикувал овој „извор“ во литературното списание „Разгледи“ во 1968 година. Како што покажа неодамна професорот Светлозар Елд’ров (види ја неговата статија во зборникот „70 години Институт за историja: 70 години македонска историографиja“, Скопjе, 2017 г ), покојниот Димевски имал редовна пракса да поправа, донапишува или да си змислува историски документи.
Што се однесува до самиот Теодосиј, тој по 1891 година продолжува да биде верен служител на Бугарската егзархија и исполнува различни нејзини должности, а во 1915-1919 година дури ја оглавува нејзината Маронијска епархија, која ги опфаќа регионите Гумурџина и Дедеагач во Беломорска Тракија. Фамилијата Гологанови е типичен елемент од општата историја на нашите две земjи: произлегува од селото Тʼрлис, Југоисточна Македонија и дава редица видни личности на бугарското општество. Еден од нив има особено колоритна судбина – Иван Гологанов (1899–1969) е полковник од бугарската армија, кој по превратот од 9 септември 1944 година, оглавува вооружен одред на отпорот против новата власт, а подоцна како американски соработник организира на антикомунистичка основа дел од бугарската емиграција во странство.
Пропустите на господинот Стојанов како непрофесионален историчар се разбирливи, но не стои така прашањето со неговата коректност како општествена личност, кој излегува јавно во авторитетен медиум. Употребувајќи наводници, тој ми го припишува следново тврдење: ʺСпоред вас [т.е. мене, Н.К.]: „пред 1913 година христијанското словенско население во Македонија се нарекувало Бугари, а може да имало тук-таму по некој (како игла во стог сено) кој се нарекувал Македонец.“ Како што читателите на мкд.мк сами можат да се убедат, таква фраза никогаш не сум напишал. На сличен начин, тој шпекулира и му ја припишува следнава опсервација на Васил К’нчов: ʺЗначи Македонци, а не Бугари. Сами себе се нарекуваат Македонци, без придавки и додавки, без цртки и загради…“ Такви фрази бугарскиот географ никогаш не користел. Повеќе од јасно е, дека во неговата недовршена и посмртно издадена книга ʺОрохидрографија на Македонијаʺ, тој соопштува дека бугарите и власите во Македонија, паралелно со своето народностно име, се нарекуваат и со регионалното „македонци“. Како што им е добро познато на специјалистите, за бугарското самоименување на словенското население во Македонија, има безброј сведоштва и од фолклорот, така и од дејци од епохата, па дури и од првиот систематски текст на македонизмот „За македонцките работи“:
„Татко ми, дедо ми, предедо ми, ако се велеле по недоразбериiа бугари, то ушче не значит, оти и iас требит да сум као ниф во мрак за моiата народност; ако се велеле ови бугари, то не значит, оти ниiе ке требит да престаниме да веруаме во русите за атар на разни Стамбуловци… [т.е. на луѓе како Стефан Стамболов – бугарски премиер од крајот на 19 век, кој постигнал реална независност на Бугарија од Руската империја]“
Среде морето од извори, кои сведочат за нашето општо национално сознание од онаа епоха, тука ќе си дозволам да посочам три карактеристични мемоарни сведоштва. На граѓаните со интереси кон ВМРО би им препорачал да да ги препрочитаат класичните спомени на првосоздавачот на организацијата Христо Татарчев. Поразличен и поженски поглед кон она време ни даваат „Епоха, земя и хора“ – мемоарите на Царевна, ќерката на самиот Димитар Миладинов. Моето лично претпочитање е кон кичевчанецот отец Тома Николов, кој искрено, возбудливо и сликовито раскажува, каква високоблагородна ролја имала Бугарската егзархија насекаде во Македонија – и на исток, и на запад, и на север, и на југ.
Според мое мнение, во барање на вистината, во доближувањето до неа, преку извори и документи, во раскривањето на емоционалниот свет на претходните поколенија и осмислувањето на нивното наследство преку современи парадигми, би ја разбрале општата историја на нашите две земји, Бугарија и Северна Македонија. Само на тој начин би биле дел од семејството на европските народи, присоединувајќи се кон нивните усилија да го продолжиш оној кој суштествувал пред тебе преку избор на вредности, фрлајќи мостови меѓу минатото и сегашноста.
–––––––––––––
Автор: доц. Наум Кајчев. ТАТКОВИНА го публикува целосниот текст на оваа статиjа. Скратена верзиjа е публикувана на саjтот mkd.mk
П.С. Зборот „стог“ има старословенско потекло и се среќава во рускиот, белорускиот и други јазици. Тој се употребувал исто во бугарскиот и е вклучен во некои стари речници (речникот на Најден Геров од почетокот на XX в., ʺБългарски тълковен речник“ од 1955 година и др.). Од говорната и писмената практика, тој меѓутоа одамна исчезнал.
Нашите јужномакедонски дијалекти (Костурско) не го познаваат зборот „стог“. Ние велиме, „купови сено“. Љубопитните и компетентни читатели на мкд.мк најдобро можат да оценат како тој влегол во „Толковен речник на македонскиот јазик“ и други слични изданија: дали како збор користен од говорите во Вардарска Македонија или како увоз од српскиот литературен јазик: „Стог – садевен пласт, камара пожњевена жита, сламе, сена; велика, округла, према врху сужена гомила сена, сламе или житног снопља“ (Речник српскога језика. Матица српска, 2011).
