
Веќе свикнавме да ги гледаме Бојко Борисов и Зоран Заев, да се прегрнуваат братски. Веќе сме сигурни, дека и двајцата искрено сакаат наследените отворени прашања меѓу нашите две држави се повеќе да се стопуваат, но реалноста е поинаква.
Еден мал дел од македонското општество, кој направил кариера и спечелил влијание преку угодничко опслужување на фалшиви духовни, национални и морални вредности, натрапени со сила по 1944 година, ги тероризира останатите граѓани, саботирајќи секаква ревизија на минатото. Тие луѓе ги контролираат и медиумите. Отворете ги весниците и списанијата кои излегуваат во Скопје, погледајте ги предавањата на местните телевизии, надникнете во множество сајтови и ќе попаднете на наслови како следниве: ʺНи Гоце Делчев не е веке наш, за пусти пари им го дадовме на Бугарите“. ʺ Жртвување на националната историjа за сметка на добрососедството“, ʺУтопиjaта „зближуванье истории“, ʺ Мицковски: ”Доколку Пендаровски сака средба со мене, прво да се извини за неговата изjавa за Гоце Делчев“ итн.
Нека да се вратиме и на позицијата на претседателот Стево Пендаровски, изразена во неговото интервју на 21 јуни 2019 година во предавањето ʺ360 степени” на телевизијата ʺАлсатʺ, која се емитува и на албански јазик! Тогаш тој изрази мнение, кое се доближува до Гоцевото разбирање за национален идентитет. И што следеше? Експлозија од критики на негова адреса.
На поредната, седма средба на Мешовитата бугарско-македонска комисија за историски прашања, одржан на 12 и 13 септември 2019 година во Софија, копретседателот од македонска страна, проф. Драги Георгиев, изјави дека „не на секоја средба може да има напредок, но целта на Македонија е да биде постигнат компромис “.
Што значи тоа?
Тоа значи, Бугарија да започне да ја фалсификува сопствената си историја. Тоа значи дека професорот Драги Георгиев нема сили да се спротивстави и се сообразува со менталитетот на фанатизираните заштитници на титовизмот, негови колеги, кои го прифаќаат објективниот прочит на историјата, како смртна закана за сопствениот си ʺтворечки“ живот и општествен „ореол“. Ако професорот Драги Георгиев го има достоинството на научник, тој е должен да ја отфрли контролата на склеротизираните мозоци над себе си. Тој е должен да направи и уште нешто. На пример: да седне и повторно да ги отвори записниците на трите јазични комисии во Македонија, да го разгледа и судскиот процес, со кој Блаже Конески го внесува во затвор, за да го уништи највторитативниот јазичар во првата јазична комисија – Георги Киселинов? Да се запраша зошто беше направен тој варварски чин и да си одговори со достоинството на вистински научник и човек.
На македоската општествена, политичка, интелектуална и економска елита и претстои тешко, но неодложно испитание. Сите тие луѓе треба да ги отворат папките со судските процеси по 1944 година и да избројат колку се смртните пресуди издадени од обвинителите Димитар Митрев и Лазар Мојсов, и во името на што беа лишени од нивните животи илјадници чесни Македонци? Добро е да ги проучат детално судските процеси на тројцата доктори – Васил Иванов, Коста Тренчев и Константин Терзиев, да го прочитаат и текстот на Меморандумот, кој во име на нелегалната организација ʺИлинден 1903ʺ,. во 1946 година го испраќаат Хрисимов-Чулев-Златарев до министрите за надворешни работи на САД, СССР, Англија и Франција. Да се запознаат со целата технологија за „прочистување“ на македонското општество од сите кои се определија како „бугари“ и беа за самостојна Македонија. Нека сите тие да се потрудат и да го прочитаат и проектот на на младиот политичар Петар Богојески ʺМакедонски концепт“, кој доби општесвен достап сосема скоро! Дури после тоа да седнат и да се прашаат себе си, што е заедничкото меѓу Гоце, Даме, Сарафов, Јаворов – од една страна, и Колишевски, Видо Смилевски, Страхил Гигов, Цветко Узуновски – Абаз – од друга? Првите се бореа за автономна Македонија, вторите за србокомунистичка Југославија со пренапишана македонска историја, во која Гоце и Даме се „истомисленици“ со пратениците на Тито во Македонија Темпо, Радосављевиќ и Перо Чубриловиќ и со создавачите на злокобната ОЗНА-Тодор Чушкар и Мијат Мијатовиќ.
На македонското општество му претстои неизбежно тежок, но заздравувачки разговор за блиското минато, за идеологемите и етногемите, наложувани брутално во неговиот живот…
РС Македонија во НАТО и ЕУ. Тоа е мечтата и на Бугарија. Во името на општата цел ренгенската снимка на југо-минатото е наложувачка, за да се постави точната дијагноза и осуштестви најрезултантно лекување.
––––––––––––––
Иван Николов е новинар, публицист и издавач. Тој е главен и одговорен уредник на списанието „България-Македония“ и директор на издавачката куќа ʺСв. Климент Охридскиʺ. Иван Николов е еден од најголемите познавачи на балканските прашања, автор на бројни статии и книги на оваа тема. Текстот е напишан специјално за БГНЕС.
