Северна Македонија и Албанија заслужуваат отворање на преговорите за членство во ЕУ, рече во интервју за црногорскиот весник „Вијести“ еврокомесарот Јоханес Хан. Северна Македонија направи значителен напредок, а најзначајно е потпишувањето на Договорот од Преспа и решавањето на спорот со Грција, рече тоj. И уште:

„Преспанскиот договор со кој беше ставен крај на долгогодишниот спор за името е нешто што треба да биде вклучено во книгите по историја. Кога ја презедов фунцијата државата беше сред политичка криза чие решавање бараше години и бројни патувања во Скопје. Почнавме со изјава дека нема да има проширување на ЕУ, а сега пет години подоцна оставаме реален и жив европски пат за Западен Балкан, рече еврокомесарот Хан во интервјуто.

Јоханес Хан ќе биде еврокомесар за буџет и администрација во новата ЕК, а ресорот проширување и добрососедска политика е за досегашниот министер за правда на Унгарија Ласло Трошани.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO