Денешната седма по ред средба на Мешовита бугарско-македонска комисија за историски прашања заврши без особен напредок, но и двете страни изразија оптимизам дека таа може да се претвори во основа за наоѓањето на решенија во иднина, пренесе репортер на БГНЕС.

Копретседателот на комисијата од македонска страна проф. Драги Георгиев, рече дека не на секоја средба може да биде постигнат напредок, но целта на Македонија е да биде постигнат компромис.

„Не може постојано и на секоја средба да постигнуваме решенија и да има значителен напредок. Дебатите во текот на овие два дена покажаа каде треба да бидат насочени нашите напори. Верувам дека тоа е добра основа за следните средби, на кои повторно ќе биде разгледана темата за Гоце Делчев “, изјави Георгиев.

 

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO