Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, денеска ќе престојува во работна посета на Шведска, каде што ќе оствари средби со министерот за европски прашања Ханс Далгрен, со министерот за меѓународна развојна соработка Питер Ериксон и со претседателот на Парламентот на Кралството Шведска, Андреас Норлен.

Централна тема на средбите, како што соопшти Кабинетот на Османи, ќе бидат македонскитеевропски перспективи во пресрет на одлуката за почеток на преговорите во октомври оваа година. Во агендата на вицепремиерот Османи за наредниот периодот предвидени се посети на метрополите на земјите членки на ЕУ, почнувајќи од Брисел, во почетокот на следната недела, по што ќе следуваат Берлин и Варшава.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO