Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец, осомничени во случајот „Рекет“, ќе останат во притвор уште 30 дена, соопшти Кривичниот суд во Скопје. „Кривичниот совет на Одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, денеска постапувајќи по предлог на надлежниот Јавен обвинител за продолжување на мерката притвор против Б.Ј. и З.М. донесе решенија со кои предлогот на обвинителството се уважува и мерката притвор се продолжува за нови 30 дена поради постоење на причините од член 165 ст.1 т.1,2 и 3 од ЗКП“, информираат од Судот.

Јовановски и Милевски Обвинителството ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот Јовановски и за „перење пари и други приноси од казниво дело“. Првпат им беше одреден притвор на 15 јули годинава. Како третоосомничена за „Рекет“, во притвор е и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO