Во период на неколку недели, Струмичката петорка повторно дојде во фокусот на јавноста. Пред се, 13ти август е денот кога се сеќаваме на ужасното злосторство на тогашниот комунистички режим врз петте младинци.

По тој повод се потсетуваме на приказната за петте следбеници на ВМРО и нивната маченичка смрт. На денот на независноста во Струмица се појавија контроверзни летоци со „сонцето од Кутлеш“ на кои пишува „Сонцето пак ќе ја огрее Македонија“.

Повеќе портали блиски на ВМРО-ДПМНЕ спонзорирани од Будимпешта побрзаа да објават дека тоа всушност биле летоците на Струмичката петорка!?

Не навлегувајќи дали е тенденциозно или од непознавање на историјата, треба да се предупреди дека се работи за груб фалсификат. Можно е УМС на ВМРО-ДПМНЕ, кои веројатно стојат зад ваквите леток-акции, да се инспирирале од филмот Златна петорка каде е претставен ваков леток.

Меѓутоа филмското платно понекогаш и дозволува уметничка слобода која не одговара на историска вистина. Меѓутоа доколку режисерот тежнел да прави историски приказ требал да внимава да не протнува вакви грешки кои значат и фалсификат и на историјата и на делото на Петорката. А историски факт е дека летоците кои славната Струмичка петорка ги расфрлала низ Струмица биле „Да живее ВМРО“, „Да живее Македонија“, „Долу новата буржоазија“, „Да живее Америка и Македонија“. Значи никакво сонце, а уште помалку симболот од Кутлеш кој да биде иронијата поголема е откриен дури кон крајот на 1970тите години што значи повеќе од 20 години по нивната смрт.

Дури и да сакале, Петорката не можела да го употребува тој симбол затоа што бил непознат за пошироката светска јавност. Дополнително што тој симбол никогаш не го користела ниту ВМРО ниту било која револуционерна и национално ослободителна пројава. УМС на ВМРО-ДПМНЕ на 09.09.2019 година организираше јавно гледање на филмот Златна петорка на кое присуствуваше и Христијан Мицкоски.

Доколку навистина сакаат да го почитуваат делото на Петорката треба вистински да ги почитуваат и следат нивните идеали и идеи. Во нивните пресуди, стои дека се создавање на Автономна Македонија под владението на ВМРО на Ванчо Михајлов.

Дополнително биле обвинувани дека се за протекторат на Америка. Токму затоа, аманетот на Петорката е следење на изворното ВМРО и стратешката определба кон САД, наспроти користење на лажен леток-патриотизам и работење против стратешките определби во кои верувале петте младинци. Се друго е фалсификат и на петорката и на ВМРО и на Македонија

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO