По оставката на Џон Болтон, советник за национална безбедност на американскиот претседател, позицијата на Русија не се променила, изјави за РИА Новости заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Вчера, Доналд Трамп напиша на Твитер дека го отпуштил Болтон, кој пак од своја страна изјави дека сам си поднел оставка.

Според Рјабков, традиционално вакви промени не водат до нормализирање на односите. „Поради тоа, не можеме и да имаме никакви очекувања во врска со промените, со отпуштање на еден од неговиот пост или неговото назначување“, истакна Рјабков.

Според него, позицијата на Москва е истата – да суди спред делата, а не според изјави или намери.

Кремљ смета дека оставката на советникот на претседателот на САД за национална безбедност Џон Болтон е внатрешна работа на американците, изјави лаконски портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков за РИА Новости.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO