Тимот на Англија ја продолжува без грешка својата евроквалификациска кампања, откако го надигра на домашен терен на ʺСент Мерисʺ борбениот  состав на Косово со 5:3.

Гостите ја започнаа великолепно средбата и поведоа на само 34 секунди по голот на Валон Бериша. Тоа како да ги налути воспитаниците на Гарет Саутгејт, кои израмнија седум минути подоцна преку Рахим Стерлинг, а во 19-тата минута поведоа во резултатот по точната интервенција на Хари Кејн.

На крајот од првото полувреме домаќините буквално го прегазија противникот, постигнувајќи уште три гола во рок од осум минути. Прво, Мергим Војвода постигна автогол, а подоцна Џејдан Саннчо се запиша два пати по асистенции на Стерлинг, кој порано подаде и за голот на Кејн.

И покрај катастрофалниот резултат на паузата, гостите не се предадоа и вратија два гола на почетокот од второто полувреме преку Бериша и Ведат Муричи од пенал, но немаа сили за повеќе. ʺТрите лавовиʺ, од друга страна, можеа да постигнат шести гола, но Кејн не реализираше од пенал .

Така, анличаните се со целосен актив од 12 поени по четири одиграни натпревари, а успехот стави крај на импресивната серија на Косово од 14 натпревари по ред без пораз под раководството на Бернар Шалан. Екипата е веќе третопласирана во групата А, откако Црна Гора загуби од Чешка со 0: 3 во другиот натпревар, а прецизни за гостите беа Томаш Суцек, Лукаш Масопуст и Владимир Дарида од пенал. Во следните натпревари од групата Чешка ја пречекува Англија, а Бугарија и гостува на Црна Гора.

Еве ги сите резултати од квалификациите вчера:

Група В:

Литванија – Португалија 1: 5

Луксембург – Србија 1: 3

Група H:

Албанија – Исланд 4: 2

Франција – Андора 3: 0

Турција – Молдавија 0: 4.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO