Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Метју Палмер изјави дека е уверен дека Северна Македонија наскоро ќе стане 30-та членка на НАТО, информира МИА.

„Остануваат редица членки кои треба да го ратификуваат Протоколот за присоединување, вклучително и САД. Тие изискуваат внатрешна постапка во Сенатот и се надеваме дека сè ќе заврши до декември. Ако тоа не се случи, тогаш ќе определиме друг датум за неколку месеци “, рече Палмер во интервју за Радио Телевизија Црна Гора.

Според него САД се застапуваат за стабилен Западен Балкан интегриран во евроатлантските институции, за разлика од Русија, која сака регион заснован на превирања и недоверба.

„Ние го гледаме Западен Балкан како член на семејството на западните земји интегрирани во евроатлантските институции, како земји кои си соработуваат врз основа на правила и норми. Русите покажаа дека сакаат регион заснован на безредие и недоверба. Мислам дека тоа го видовме најјасно во Црна Гора кога Русите го поддржаа превратот во 2016 година за да и попречат на земјата да влезе во НАТО “, кажа Палмер.

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан смета дека „Русите не се завршени обидувајќи се да создадат проблеми во Црна Гора и Западен Балкан“.

Метју Палмер исто така кажа дека еден од неговите главни приоритети како специјален пратеник на САД е да ги отвори преговорите за пристапување меѓу Северна Македонија и Албанија со ЕУ, како и возобновувањето на дијалоготот меѓу Белград и Приштина.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO