Основачот на компанијата ʺАлибабаʺ, Џак Ма, го напушта постот претседател на советот на директори, соопштува ʺБлумбергʺ.

Тој реши да замине на денот на неговиот 55 роденден.

Неговото место во советот на директори на ʺAlibaba Groupʺ ќе го заземе генералниот директор на компанијата Даниел Чжан.

Џак Ма беше првиот бизнисмен од континенталниот дел на Кина чија фотографија беше објавена на насловната страница на магазинот Форбс. Тој е најбогат човек во Кина и е вклучен во списокот на најбогатите луѓе на планетата.

Неговото богатство се проценува на 41,8 милијарди долари.

„Alibaba Group” управува со неколку структури, вклучително и онлајн продавницата „Aliexpress”, кинокомпанијата  „Alibaba Picture” и услугата за облачни пресметки „Alibaba Cloud Computing”.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO