Министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров ја продолжува својата европска турнеја со работни посети на Брисел и Берлин. Темите на разговорите се фокусирани на аспирациите на земјата за интегрирање во европските структури во пресрет на Советот на ЕУ во октомври.

Основните акценти на пораките на министерот за надворешни работи е очекувањето на позитивна одлука во октомври за почеток на преговори за членство во ЕУ. Според него, Македонија постигнала видливи резултати и успеси, а започнувањето на преговарачкиот процес ќе даде нов импулс за развојот на целиот регион.

Друга важна тема за поддршка на европската интеграција на земјата е потпишувањето на Договорот од Преспа, што е пример за европски компромис во регион каде компромисите се постигаат многу тешко.

ТАТКОВИНА потсетува дека на 9 септември министерот Никола Димитров престојуваше во работна посета на Франција, каде се состана со министерот за европски прашања Амели де Моншален, со советникот за европски прашања на францускиот претседател Емануел Макрон Клеман Бон, како и со претставници на медиумите.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO