Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, на прес-конференција изјави дека поранешниот руски службеник Олег Смоленков, кој во американските медиуми бил наречен шпион на ЦИА, работел за претседателската администрација. Тој истакна дека Смоленков бил отпуштен пред многу години и никогаш немал контакт со рускиот претседател.

ʺСмоленков беше отпуштен од работа пред неколку години согласно внатрешна директива. Тој не заземаше позиции на високо ниво, или т.н. претседателски – како назначувања“, рече тој.

Претходно, Си-Ен-Ен соопшти дека американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) повлекла еден нејзин агент, кој, според написот го шпионирал Кремљ во 2017 година, поради наводните стравувања од неговата безбедност.

ʺСите овие дискусии на американските медиуми за тоа кој итно повлекол кого, од кого го спасиле и сл – тоа, знаете ли, е жанр наречен Pulp Fiction- криминално читиво “, рече Песков како одговор на соодветно прашање.

Според NBC, „информаторот“ живее во близина на Вашингтон под своето име и е заштитен од владата на САД. Каналот соопштува дека не го открива името на „информаторот“ од безбедносни причини.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO