Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева ќе го прими министерот за надворешни работи на Република Грција Николаос Дендиас на 11 септември 2019 година, соопштуваат од МНР на Бугарија.

Николаос Дендиас, кој ја презеде функцијата министер за надворешни работи на 9 јули 2019 година, ја остварува својата прва посета на Бугарија.

Екатерина Захариева ќе се сретне со Николаос Дендиас на разговор во четири очи во 11:30 часот, пленарните разговори меѓу двете делегации ќе се одржат во 11.50 часот, а во 12.45 часот двајцата министри ќе дадат изјави за медиумите.

Бугарија и Грција се стратешки партнери. Двете земји ќе одбележат 140 години од воспоставувањето на дипломатските односи во 2020 година.

Грција е меѓу првите пет најзначајни инвеститори во Бугарија. Во првото тримесечје од 2019 година, трговијата меѓу двете земји порасна за 6,8 проценти во однос на истиот период минатата година, достигнувајќи 817,1 милиони евра.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO