Портпаролот на фамилиите-сопственици на ʺФолксвагенʺ Волфганг Порше сака да се размисли за вклучување на концернот кон американскиот производител за електрични автомобил ʺТеслаʺ. Сепак, тој ги повика ограничувањата за тоа и го даде своето мислење за Илон Муск.

Семејствата сопственици на Фолксваген не исклучуваат влегување на групата од Волфсбург во Тесла. „Секогаш треба да размислувам за сè“, кажа Волфганг Порше на маргините на Меѓународниот автомобилски саем (IAA), цитиран од Ди Велт. Волфганг Порше меѓутоа смета дека управуваната од Илин Маск компанијата е преценета на фондовата берза. На крајот на август, списанието „Менаџер магазин“ предизвика забуна со информација дека извршниот директор на VW Херберт Дијс би сакал да учествува во Тесла. Се зборуваше меѓутоа дека семејствата на сопствениците се скептични. Тогаш Фолксваген ја негираше информацијата. Сега Волфганг Порше барем е принципиелно отворен. Портпаролот на семејствата кои го контролираат мнозинството гласови во Фолксваген преку ʺФолксваген холдингʺ, исто така, јасно стави до знаење дека тој не е голем почитувач на шефот на Тесла. „Тој е малку непостојан“, кажа Порше за Илон Маск.

Според в. Ханделсцајтунг, VW е заинтересирана за софтверот на Tesla. Изданието се повикува на банкар близок до VW, според кого шефот на VW, Херберт Дијс, би сакал да има пристап до софтверската експертиза на Tesla, но би било невозможно да се оправда трансферот од 30 милијарди долари во компанијата.

Во меѓувреме, новото истражување на „Гринпис“ ја обвинува автомобилската индустрија за девет проценти од глобалните емисии на СО2, соопштува весникот „Ханделсблат“. Според една студија на Гринпис, VW испушта исто толку CO2, колку и Австралија. Независно дали е вистина или не, оваа студија им дава повод на активисти кои сакаат да ја парализираат IAA, пишува весникот.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO