Премиерот на Србија Ана Брнабиќ, денеска ја коментираше ситуацијата со размената на протестни ноти меѓу Србија и Хрватска, изјавувајќи, дека тоа не е веќе спор меѓу двете држави, а конфликт меѓу фашизам и антифашизам.

ʺНе би се мешала повеќе во овие ноти, затоа што сметам дека размената на ноти не вовлекува во магичен круг“, во кој ја губиме јасната слика за тоа што се случува. И стана така, што нашата делегација, нашите млади кадети, отидоа да им оддадат почит на жртвите во Јасеновац, едно од местата на најголемите страдања за време на Втората светска војна во Европа “, кажа Брнабиќ за време на нејзината официјална посета на Луксембург.

Таа додаде дека тоа не е конфликт меѓу Белград и Загреб или Србија и Хрватска.

ʺТоа е конфликт помеѓу фашизам и антифашизам“, кажа таа.

Хрватското Министерство за надворешни работи и европски прашања, соопшти вчера дека амбасадорот на Србија во Загреб Мира Николиќ, одбила да добие протестна нота од Хрватска за „обиди за ненајавено и нелегално влегување на српската армија“ во Хрватска.

По тој повод, српското Министерство за надворешни работи соопшти дека српскиот амбасадор во Загреб закажал состанок на иницијатива на Министерството за надворешни работи, за да предаде протестна нота. Претставници на хрватското Министерство одбиле да ја примат нотата од Србија во обид да ја предадат својата нота, која што српскиот амбасадор одбил да ја прими.

Делегација на српската армија беше спречена да влезе во Хрватска во неделата за да го одбележи Денот на новомачениците од Јесеновац.

Српското Министерство за одбрана соопшти дека посетата е најавена и дека во багажот имало службени униформи, за кои сметаат дека биле дозволени и во согласност со правилата на службата.

Настанот беше проследен со меѓусебни обвинувања од страна на српската и хрватската држава, кои тврдеа дека дејствувала како сериозна држава.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO