Соединетите држави размислуваат за санкции кон Турција заради купените од неа руски системи С-400, изјави министерот за финансии на САД Стивен Мнучин.

Според него, сè уште е рано да се зборува за конкретни решенија, но се разгледуваат варијанти.

Испораката на ракетни одбранбени системи кои предизвикаа криза во односите Анкара-Вашингтон започна во јули. САД настојуваат Турција да се откаже од договорот и да ги купи американските системи-Патриот, заканувајќи се дека ќе ја прекине или откаже продажбата на борбени авиони Ф-35 на Турција. Најавено беше дека ќе бидат воведени и санкции, во согласност со законот за ʺСпротивставување на противниците на Америка преку санкцииʺ ШCAATSA).

Анкара одби да направи отстапки за ова прашање.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO