Дел од грчките опозициски партии упатија остри критики кон грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за неговиот говор на отворањето на Солунскиот меѓународен саем, соопштува МИА.

Според СИРИЗА, Мицотакис практично ја признава неопходноста од спазување на Договорот од Преспа. Од МЕРА 25 изјавуваат дека се изненадени од молчењето на грчкиот премиер, а ʺГрчко решениеʺ верува дека владата „го предала светото име Македонија на Скопје“.

Портпаролот на СИРИЗА рече дека „во говорот од околу 7.000 зборови (Премиерот), тој не кажал ниту збор за македонското прашање“ или Договорот од Преспа, иако тој претходно се објавувал за „македономахос“ (борец за Македонија). По изборите, властите решиле дека Договорот од Преспа не е преднички, како што говореа претставниците на ʺНова демократијаʺ во предизборниот период.

Од партијата на поранешниот министер за финансии Јанис Варуфакис  MEPА 25, се изненадени од молчењто на премиерот, ако се има во предвид „патриотската страст“ со која пред изборите ʺНова демократијаʺ се објави против договорот.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO