Денес во 19ч. Градскиот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Скопје организира настан – јавна проекција на филмот Трето полувреме кој беше спонзориран од Никола Груевски и сериозно ги наруши односите со Бугарија.

Се работи за филм кој предизвика големи реакции во домашната јавност, но и во соседна Бугарија поради тенденциозниот обид да се фалсификува историјата и повторно да се шири омраза кон Бугарија.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски со буџетски средства го поддржа филмот, а Груевски и лично присуствуваше на снимањето и се сликаше со екипата.

Филмот тенденциозно ја фалсификува историјата на Македонија и истоимениот фудбалски клуб од Скопје кое тоа име го добил токму од „окупаторите“ во 1941г. Дека филмот е полн со фалсификати потврдуваат архивите и живите членови на клубот.

Во филмот повторно „бугарските фашисти“ се претставени како окупатоти, крвници, мачители преку сцени за масовно стрелања кои никогаш не се случиле. Но, периодот на српската окупација е претставен како културна и духовна ренесанса за поробеното од Србите македонско население.

Зошто ВМРО-ДПМНЕ и Христиjан Мицкоски го одбраа овој филм за идеолошка едукација на своите млади сили? Дали „патриотизмот“ кој го сфаќа партијата е истиот кој УДБА го градеше со омраза кон Бугарија?

Да биде иронијата поголема, јавната проекција на Трето полувреме е закажана по повод денот на независноста. Зарем не сметаат дека филм кој ја отсликува борбата на ВМРО и Македонците не е посоодветен за празникот ?

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ и Христиjан Мицкоски продолжуваат со смислени провокации и омраза кон Бугарија. За тоа говорат секојдневно навреди на социјални мрежи кон секој оној кој барем малку покажува симпатии кон Бугарија и поинаков став кон историјата од оној сервиран во југословенските учебници. Портали предводени од активисти на ВМРО-ДПМНЕ исто така не пропуштат прилика да ја нападнат Бугарија. За оваа партија сеуште Договорот за добрососедство е акт на предавство и истакнати поединци како Антонијо Милошоски сеуште беседат за неговата наводна штетност.

Имајќи го предвид искривениот поглед кон историјата и значењето на патриотизмот може само да се очекува дека јавната проекција на Трето полувреме ќе има исто влијание врз младите активисти на ВМРО-ДПМНЕ како што имаа со децении  идеолошките креатури во културата и уметноста за време Југославија. Вдахновени од омразата која ја има филмот УМС на ВМРО-ДПМНЕ ќе научи колку биле лоши Бугарите во период кога другите подмладоци низ Европа дискутираат за идеи, проекти, соработка, интеграции и свет без граници.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO