БГНЕС: Г-дин Богојески, какви се целите на создадениот од вас ʺМакедонски концептʺ?

Петар Богојески: Идејата за ʺМакедонски концептʺ е да се понуди пред македонската јавност, една политичка платформа за иднината на нашата држава, околу која ќе се обединат граѓани, независно од нивното етничко, религиозно или политичко определување. Таа е уникатна во Македонија, зашто е отворена за лична иницијатива на поединци, организации и политички партии, кои сакаат преку таа платформа да промовираат „поинакви“ политики во Македонија. Надвор од корупциската елита која ја управува политичката сцена во земјата. Еден современ граѓански модел, базиран на позитивните примери од светските демократски држави, кој ќе биде инклузивен и привлечен во него да се вклучат млади, мотивирани и професионално реализирани наши сограѓани, за да дадат свој придонес за нашата татковина.

Актуелните партии во нашата држава декларативно, помалку или повеќе се залагаат за стариот социолистички концепт на поимање на нацијата во форма на народи и народности, што е антипод на граѓанското општество. Но не предлагаат конкретни мерки за реформи во самите партии, но и на општеството во целина, со кои да се преодолеат изворите на нашето крајно етнизирано општество.

БГНЕС: Мотото на вашиот концепт е „Македонија на Македонците. Што разбирате под тоа?

Петар Богојески: Веќе во мојата колумна со која го образложив ʺМакедонски концепт”, напоменав дека првата жртва за постигнување на овој граѓански договор треба да биде етно-центристичкиот концепт, коj е исклучив и нашите сограѓани, од другите етнички заедници, го чувствуваат како обид за асимилација. А овој извор за етнички поделби во нашето општество, доаѓа од највисокиот акт на нашата држава, уставот во кој во самата преамбула има една крајна анахрона и несвојствена за демократски држави формулација, дека Република Северна Македонија е држава на македонскиот народ и на делови од други народи. Според мене, Македонија е држава на сите граѓани кои живеат во неа.

Процесот на градење на современа граѓанска нација, треба да се одвива паралелно со процесот на објективизација на историјата. Го користам терминот објективизација, за да направам дистинкција од некои политичари кои го користат термнинот ʺпромена на историјата”. Нагласувам, дека историјата неможе да се променува, таа е таква каква што се случила, независно од нас. Тоа ќе биде внатрешен процес во македонското општество, внатрешна дискусија за објективизација, со цел преродба, будење на нашето суштинско културно и историско наследство. Точно е дека тоа е болен процес, но тоа е единствен начин да ја победиме внатрешната криза на идентитетот и преку ново раѓање да станеме „камен кој си тежи на своето место“. Осознавањето и објктивизацијата на НАШАТА историја е НАША работа, врз основа на факти и историски сведоштва и без политизација.

Задача на нас политичарите е само да го потпомагаме и поттикнуваме овој демократски процес затоа што од него ќе излезе вистината кон која стремиме сите ние.

Тоа што радува, е дека овој предложен концепт многу позитивно е прифатен од граѓани со различно етничко и религиозно потекло. Она што сигурно ќе биде интересно за бугарската јавност е и фактот дека овој концепт е позитивно прифатен и од македонските бугари. Многу од нив, лично ги познавам. Тие се исклучителни македонски патриоти, професионално реализирани луѓе и сигурен сум дека ќе дадат свој конкретен придонес. Жален е фактот дека голем број од нив, се основачи на ВМРО-ДПМНЕ и дале голем придонес за партијата, а нивното признавање дојде од Зоран Заев и Стево Пендаровски. Во едно демократско општество, во кое сме свидетели дека на нашата политичка сцена има политичари со различно етничко потекло, недопустливо е игнорирањето и недопуштањето да се пројават и да дадат свој придонес и македонските бугари. Тие се Македоници, како секој друг граѓанин на Македонија. Со исти граѓански права и должности. Сите ние сме чеда на Македонија. Постепено под терминот Македонец, мора да се подразбира политички, државен идентитет. Македонец е граѓанин на македонската Република, без разлика на неговата етничка или религиозна идентичност.

БГНЕС: Какви се вашите прогнози за бугарско-македонските односи?

Петар Богојески: Очекуваме за овој, во суштина демократски и европски модел, поткрепа од нашите сојузници, вклучително и од Бугарија, која до сега во минатото докажувала дека секогаш била една од лидерите за позитивните промени и процеси во нашата држава. Јас сум убеден дека Македонија и Бугарија се осудени да бидат заедно во рамките на Европската Унија. Нешто како Германија и Австрија. Заедно сме посилни! Убедени сме во обединета Европа!

Би сакал да ја искористам оваа прилика да и го честитам на Македонија Денот на независноста, кој се слави денес, 8-ми септември.

––––––––––––-

Интервjу на Петар Богоjески за агенциjа БГНЕС

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO