Репрезентацијата на Холандија забележа многу важен успех во квалификациите за ЕП 2020, откако ја совлада Германија со 4: 2 како гостин. На ʺВолкспаркстадионʺ во Хамбург домаќините започнаа добро и поведоа во резултатот уште во 9-та минута преку Серж Гнабри, а на крајот на полувремето Марко Ројс пропушти одлична шанса да го удвои водството на Бундес-тимот. По паузата, портокаловите продолжија во потрага на пресврт и во 66. минута веќе го презедоа водството по голот на Френки де Јонг и автоголот на Џонатан Та. Тони Крос изедначи од пенал во 73-та минута, но воспитаниците на Роналд Куман сепак стигнаа до трите бода по доцните голови на Дониел Мален и Жоржињо Вајналдум.

Во вториот натпревар од групата Ц Белорусија ја совлада Естонија со 2: 1 како гостин. Северна Ирска е лидер во групата со 12 бода, пред Германија со 9 и Холандија со шест бода, но и натпревар помалку.

Во друг натпревар вчера Велс оствари вредна победа од 2: 1 над Азербејџан благодарение на доцниот гол на Герет Бејл. Тој успех ги задржа шансите на ʺДраконитеʺ за пласман на Евро 2020, заземајќи го третото место во групата Е со шест бода од четири натпревари. Во друг натпревар од групата Хрватска ја совлада Словачка со 4: 0 како гостин и веќе има девет бода колку што има и лидерот Унгарија.

Други резултати:

Група G:

Австрија – Латвија 6-0

Словенија – Полска 2: 0

Група I:

Кипар – Казахстан 1: 1

Сан Марино – Белгија 0: 4

Шкотска – Русија 1: 2.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO