Турција е се поблизу до постигнување на целта за изградба на фабрика на ʺФолксвагенʺ на своја територија. Таа цел е на добар пат да се исполни по „исклучително позитивната“ средба помеѓу висок функционер на компанијата и претседателот Реџеп Таип Ердоган оваа недела, соопштија тројца турски извори, цитирани од „Ројтерс“.

Агенцијата објави минатата недела дека двете страни водат разговари за даночниот режим на автомобили во Турција за да ја завршат инвестицијата од 1 милијарда евра (1,1 милијарди долари).

Производителот на автомобили, кој размислувал да ја направи инвестицијата во Бугарија, не објавил конечна одлука, но изворите велат дека Фолксваген е позитивно настроен за инвестирање во Турција.

Ердоган и еден висок официјален претставник на Фолксваген ги надминаа повеќето од проблемите за време на средбата оваа недела, рече еден турски извор запознаен со ова прашање. Извор од автомобилскиот гигант рече дека турскиот претседател се сретнал со извршниот директор на VW, Херберт Диес оваа недела.

„Предходно имаше некои мали проблеми, како на пример даночните договори за автомобилите што ќе се продаваат. На средбата било постигната скоро целосна согласност “, рече турскиот извор. „Ако нема проблем во последната минута, инвестицијата ќе биде направена во Турција“.

Тешките турски даноци за поголемите автомобили ги ограничуваат повеќето купувачи и локалните производители до автомобили со помали димензии на моторот. Автомобили со мотори по 1,6-литари сочинуваат 96% од пазарот на нови автомобили во земјата во 2018 година. Изворот изјави дека Турција се обидува да најде формула да се справи со проблемите на „Фолксваген“ без да ги постави во незгодна состојба постојните производители на автомобили .

Големи компании како „Фиат“, „Рено“, „Форд“, „Хјундаи“ и „Тојота“ имаат произведено повеќе од 1,3 милиони возила минатата година во Турција.

Чешкиот премиер Андреј Бабиш во вторникот за време на неговата посета на Анкара објави дека Фолксваген ќе направи голема инвестиција во Турција.

Втор извор на Фолксваген објави дека останале неуточнето само незначителни прашања, вклучително и оние поврзани со даноците. Се очекува договорот се да биде постигнат за неколку недели и фабриката ќе биде изградена во западната провинција Маниса, рече изворот.

„Веќе не е проблем да мислиме дека инвестицијата ќе биде направена во Турција. Таа одлука ќе биде објавена многу скоро, откако ќе бидат направени конечните корекции“, изјави втор турски извор.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO