Литванија ја повика интернет-продавницата на „Амазон“ да престане да продава српови и чекани и други советски симболи. Според Вилнус, ова е навреда за жртвите на прогонствата во СССР.

„Во време кога се зголемува светската суровост, никој не може да остане рамнодушен кон ваквите ’смешни’ ликови“, рече првиот посткомунистички претседател на Литванија, Витаутас Ландсберис, во отвореното писмо до основачот на Амазон, Джеф Безос.

86-годишниот поранешен шеф на државата ги спореди советските симболи на „комунистичка тиранија“ со нацистите и го нарекува СССР соучесник на нацистичка Германија во „воени злосторства и геноцид“.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO