публикувано вo „Се за Македонија : Документи : 1919-1924“, Скопjе, 2005 година

„Господине претседателе на Советот,

Македонија ги има следниве природни граници: на исток реката Места и планината Родопи; на север масивите на Рила планините Осогово, Скопска Црна Гора и Шар; на запад албанските планини и реката Црн Дрим, на југ река Бистрица и Егејско Море. Таа има население од 2.301.767 души, распределени вака: Бугари – 1.096.376 или 48% од целото население; Турци – 541.615 – 23%; Албанци – 184.315 – 8%; Власи – 77.365 -3.4%; Цигани – 43.370 -1,6%; Евреи и други етнички групи 106.360 – 5%.

Македонија е разделена меѓу Грција, Србија и Бугарија. Но таа поделба е сосема случајна и вештачка. Долните теченија на реките Места, Струма и Вардар, кои ги следат главните патишта што водат од континентот до морето, се наоѓаат во границите на Грција; нивните горни и средни теченија се во Бугарија и Србија. Оттука доаѓа и економското назадување на градовите во крајбрежните и во внатрешните области, кога ќе се додаде и немањето сигурност кое се должи на омразата што ги дели управувачите и управуваните, може да се разбере зошто мизеријата на населението се зголемува.

Деведесет проценти од населението на Македонија, кое ги вклучува Бугарите, Турците, Албанците, Власите и Евреите, е против таа поделба од причини што ги изложивме погоре. Тоа се придружува енергично кон својот стар идеал, да се формира една независна Македонија, ставена под заштита на Друштвото на народите или на некоја сила ополномоштена од него. Во случај некој да се сомнева во желбата на македонското население, може да се пристапи кон плебисцит.“

За да прочетете книгата притиснете овде.

Извор: Скенирана од оригинален примерок.

Автор: Тодор Александров (1881-1924) е легендарен бугарски революционер, долгогодишен лидер и една од иконите на македонското револуционерно движење.

За повеќе информации за Тодор Александров, притиснете овде.

Извор: Библиотека Струмски

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO