Италија забележа нова категорична победа на Светското првенство во кошарка во Кина. ʺСквадра Азураʺ ја победи Ангола со 92-61 во натпревар од групата Д. Најпрецизен беше бекот на Сан Антонио Спарс Марко Белинели, со 17 поени. За Ангола, центарот Јаник Мореира постигна 15. Италијанците се одлепија во првото полувреме кога поведоа со 19 поени и го зголемија водството за уште 8 поени до крајот.

Во групата Б, Аргентина ја совлада Нигерија со 94-81 и исто така забележа втор успех од почетокот на првенството.Најдобар стрелец на натпреварот беше Луис Скола за победниците со 23 поени. Бекот на Минесота Тимбервулвс, Џош Окогие постигна 18, но тоа не беше доволно за африканскиот тим да избегне втор последователен пораз.

Во другите утрински средби, Тунис го победи Иран со 79-67. Брегот на Слоновата Коска ја совлада Венецуела со 87-71

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO