<- ДЕЛ 3

По страничното обработување на македонската коцкичка, ајде на крајот неколку реда за внатрешната природа на македонската коцкичка. Најтешкиот дел. Нашиот соживот со македонските албанци, но и со останатите тукашни граѓани.

Штом сите се изјаснуваме дека сакаме државата да ја европеизираме, да го забодеме нашиот шестар во нашата “слепа точка“ (Чеслав Милош), за опишување на нашиот (северно) македонски круг. за албанскиот опишан круг, не трошевме зборови.

Едноставно, радиусот на нивниот круг сите секојдневно го гледаат како се шири и тој никогаш не е поголем од крајните точки на албанскиот триаголник. И тоа е главната причина за страв од албанците од околните нивни соседни држави. На албанците сега најмалку им одговараат судири и со нив може како со ниеден друг народ на Балканот отворено да се разговара.

За таа позиција крваво се изборија и на останатите држави, вклучувајќе се тука и самите ние, ни останува само културно и отворено да разговараме и заеднички за иднината нешто да превземаме.

Но, ние, македонската страна од Република Македонија, пред да почнеме здраво катарзично со албанската страна да разговараме, самите пред себе треба да се прашаме: сакаме ли со Албанците отворено за минатото, сегашноста и иднината да зборуваме и да ги жртвуваме до сега прошверцуваните, не повеќе од двесте македонисти или да го жртвуваме губењето на државата?

Ни меѓународни учени, ни грчки учени ни бугарски учени, никој друг, туку внатрешните македонско – албански односи ќе ги санкционираат нашите македонисти. Нам само ни е време за најголемиот дел од нивните „научни“ трудови да им се заблагодариме.

Тоа е интелектуалното македонско референдумско прашање на кое треба „за“ да заокружиме. Македонските албанци во секој поглед и на секој план се појаки од нас. Ние, Македонците, историски сакавме да направиме сепаратизам преку македонизмот од бугарското етничко цело. Направивме и сега, шеќер не ни треба. Да речеме, писателот, академик Митко Маџунков кога да се појави во јавноста, рони солзи на немоќ по кого ќе стигне.

По Бугарите зад железната завеса во време на неговата младост што не знаеле што се џезакала и фармерки, на албанците што нејќеле да прифатат во Македонија заеднички јазик да ни бил македонскиот јазик, на неодговорниот премиер Заев сенешто што потпишува, на старата курва Европа и Америка…

Од каде да почнеш со академикот со книжевно дело и размислување на селски свекор? Што да правиме Албанците што нејќат да зборуваат со нас на македонски? Нејќат и готово. Зашто на Белиќ и Ростковски не им истекнало и меѓу албанците да изнајдат и протежираат албански сепаратизам? Можеби им текнало, но не им успеало.

Што да правиме што нивните Наум Веѓилхарџи, Фаик Коница или Сами Фрашери не станале албанските Пулески, Чупоски и Мисирков, а нивниот Наим Фрашери наместо да пишува епови за Скендер Бег, не им ги напишал “За албанцките работи“. Зашто Тито и неговите поддржувачи не изнашле некој албански Блаже Конески кој ќе изврши насилна глототомија на албанскиот јазик и од нивните наречја не создал некој нов, посебен албаноиден јазик?

Сакавме, направивме одделен јазик, не жалевме и не жалиме сили да го афирмираме по светот и ни дојде благодедта. Сега јазикот ни е одделнен во семејството на словенските јазици и регистриран и во фасциклите на ОН. Со тој факт се помири и пред него попушти и официјалната грчка политика.

Проектот на Белиќ, Цвијиќ, Мисирков и Конески се оствари и македонскиот јазик е “коинето“ на кој во Северна Македонија зборуваат Македонците. Сега академик Маџунков плаче што ќе го читаат само десет души (ако и тие) го читаат, а на сите конференции ќе седи со слушалки на уши за да го разбере колегата Албанец академик со кого им се канцелариите врата до врата. Албанството работи на сплотување на Албанците, а шовинистичкиот македонизам работи на принциопт на одземање, одвојување, сепарирање и изнаоѓање на непријатели секаде и секогаш, по секоја цена. Не можеш шовинизам да раскринкаш со шовинизам.

Албанството има други болки. Од научно – методолошка нерасчистеност сега албанците тивко, по многу места сеат споменици од нивни колаборационисти на најцрната утопија на човештвото како борци на нивната национална утопија. Или, кого не сметаат податоците што не им помогнавме и ги одвративме млади албанци што појдоа како доброволни војници за т.н.

Исламска држава, или Македонците муслимани, Турците, Ромите и Бошнаците од Северна Македонија што стануваат поголеми Турци од Ердоган… Дали ветерот на ваквите невесели појави некогаш ЌЕ се жнее, НЕ знаене, но нам секогаш ни останува, заеднички, нешто друго да им понудиме на граѓаните.

ДВЕТЕ најголеми Етнички заедници во државата треба да повежбаат чесна игра, натпревар по јасни правила и со отворени карти за наше поевропејчување. Што не значи останатите помали етнички заедници се надвор од играта. Малку шеговито, неодамна албанскиот премиер забележа дека многу бавно одат процесите на пристапување, на влегување на земјите од Западен Балкан во здодевна Европа. Се сложуваме, но моето скромно чувство на провинциски писател (можеби погрешно), ми вели дека токму ние, ОДОВДЕ ќе им внесеме и на европјаните ќе им ја подобновиме подостинатата возбуда и подзаборавениот восхит.

Има ли ПОГОЛЕМО европско задоволство од гледањето на граѓаните во Северна Македонија како врз себе вежбаат и спроведуваат европејство. Невидена бела утопија! Европа ќе ја заболат рацете од ракоплескање.

Балканските грди пајчиња пред нивни очи како се престоруваат во лебеди. ДА ние тоа го можеме, што би рекла Ангела Меркел. Дали македонските албанци ќе сакаат и ќе го прифатат овој натпревар, како што го одбиваат македонистичкиот проект? И на двете страни друго и не ни останува. Тој што ќе одбие, тој покажува колку а европгец. Во Република Северна Македонија сме осудени да не бидеме шовинисти.

Проблемот е како да обмислиме идеален модел на Функционирање на државата. Досега, двете најголеми етнички заедници во Македонија вцртуваат во рамностраниот македонски триаголник две внатрешни крукчиња на својата правоверност. 3аокружена подмолна молчаливост што негува во своето крукче свои колективни митови како принципи.

Или, еден ист пишан круг во еден ист триаголник од два шестари. Како непомирливи противници, молчаливи и стрпливи секој одделно што чекаат погоден момент на другиот да му го загорчаат животот, одеднаш од нас се бара одвнатре, заеднички круг околу Македонија. Ништо поубаво. Но за таков потфат ќе треба барем неколкукратно самите да се надминеме. Па волшебните чизми од Петер Шлемил да ги обуеме и со чекорите од седум милји да ги испревариме и околните држави, затоа што по тој пат по некоја деценија и тие ќе мора да тргнат. Обединета Европа е опишаниот, големиот круг околу Европа.

Кои се новите принципи за нашиот нов устав? Едни кон други со грбовите, сите во Македонија работиме само преку разликите да се одбележуваме. На моменти фрламе страничен поглед во чиниијата пред комшијата и, зрната грав во неговата чинија се поголеми! Во моментов, дури божем нешто мудрувам, а Вие, стрпливо такстот божем го читате, на многу места околу нас, во разни универзитетски аули, во разни бизнис простории или хотелски сали, и кај нас и во светот, се одржуваат илјадници научни и специјалистички состаноци, конференции или конгреси каде што рабтниот јазик е англискиот. Токму тоа, во шарената, мала Северна Македонија, англискиот треба да биде работен јазик.

Упоришната точка за шестарот од каде ќе се опише нашиот голем македонски круг. Или, најпрецизно, тоа треба да стои во Уставот што ќе се менува. Во неговата „преамбула“. Во Република Северна Македонија официјални јазици се македонскиот и албанскиот, а работен јазик е англискиот. И редоследно, како што новото име на државата ќе се внасува, со тоа темпо да се вградува во сите државни институции и употребата на англискиот јазик. Сите документи, сите свидетелства, сите водења на државни книги, сето на англиски. Пратениците во Собранието да зборуваат на англиски. Министрите во Владата – исто, полицијата исто. Најбавно, но не за ПОВЕЌЕ од четири – пет години и судството да прејде на англиски јазик. На сите средби, и пожелно а, во зависност од националноста, носителот на Функцијата поздравно нека се обрати на својот мајчин јазик, но потоа, работно, само на англиски.

На државната Македонска радио телевизија, (или како по новото име ќе се вика) првиот канал на англиски, вториот, како што е сега првиот, третиот како што е сега вториот. Еден провладин весник на англиски или доволно ќе е само провладиниот сајт на Макрдонската информатибна агенција, (или како ќе се вика по новото име) исто на англиски. Останатите приватни телевизии и останатите медиуми, пазарно ќе си туркаат, ако им се исплаќа, како и до сега… сите реформи во движење и нема чекање.

Од предшколска возраст, од детските градинки, уште од следната есен да се почне на англиски јазик. Малку смешно, но само така, и деца и учителки заедно од боенки ќе учат англиски. И петки ќе им ставаме на рачињата. уште од идната есен, сите ученици до четврто одделение, “без оглед на вера и народност“ ќе посетуваат настава на англиски јазик. |Оние учители што знаат англиски, веднаш се префрлаат во овие одделенија). Во сите училишта, село – град, од крај до крај на Северна Македонија.

Наставата и учебниците, Оксфорд систем. Па потоа, од догодина, до петто одделение насекаде ќе се изведува настава на англиски јазик, идната од шесто, седмо… Па, година по година, истиот принцип и во средните училишта. на факултетите, се разбира. Пе неколку години, истиот државен само проширен проект, сето образование на два јазика, и на англиски и на германски.

Овие законски регулирани, субвенционирани проекти на телевизиите постојано да се вртат. Емисии – курсеви за англиски и германски јазик деноноќно да “фрчат“. за возрасните, по училишта, по месните заедници, во џамиски и црковни простории, во секој можен јавен простор, секаде „вечерно“ , бесплатно учење на англиски и на германски, слично на повоените проекти за масовно описменување на возрасните, како што сме слушеле од родителите.

Оваа постојана кампања да стане игра, забава, разонода, стил на живот, бела утопија умствено што ќе придвижува и ќе не извлече и излекува од овие идеолошки црнила.

(продолжува)


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO