
Каде се чуло и видело, обвинети во истражна постапка да преговараат и договараат за иднината и судбината на обвинителите кои ги обвиниле?!?
Каде се чуло и видело, политички партии како на пазар да се пазарат за владеењето на правото во земјата?!?
Каде се чуло и видело, обвинители и тоа специјални, да се на средина и организатори на корупциски и мафијашки скандали?!?
Каде се чуло и видело, мафијата / империјата да е посилна од државата / Републиката?!?
Каде се чуло и видело, закон изготвен од правни експерти да биде предмет на поткусурување на мафијата и да чека одобрување од истата таа мафија?!?
Каде се чуло и видело, политичка партија да преговара за укинување на кривични постапки за обвинети лица?!?
…………
Во нормална Република би било вака:
- Изработка на Закон за ЈО од страна на најистакнати домашни и странски правни експерти.
- Донесување на тој закон во Собранието без никакви политички пазари, едногласно од сите политички партии.
- Засегнати политички партии со криминални афери, први даваат поддршка на новиот закон и истакнуваат дека својата невиност, во која се убедени, ќе ја докажат пред Судот!
- Институциите на државата дејствуваат, по итна постапка расчистуваат со бандитите, јасна е дистинкцијата помеѓу правдата и мафијата, граѓаните се спокојни и со полна доверба во институционалниот капцитет на Републиката.
- Владеењето на правото е бескомпромисно, а на тоа инсистираат граѓаните! Во услови кога тоа е загрозено на улиците на главниот град на Републиката излегуваат и протестираат 50% од населението во земјата. Од тоа политичарите имаат страв во коски и не помислуваат да тргуваат со правдата!
………….
Време е Републиката, да ја земе власта во свои раце!!!
Време е да и се спротиставиме на мафијата!!!
Време е за нормална држава со нормални политичари!!!
Време е граѓаните да престанеме да гласаме за безочни мафијаши и бандити, кои ни се нудат за раководители на Републиката!!!
Време е за вистинска Република!!!
––––––––
ФБ статус на Петар Богоjески
